Љуби го својот ближен како самиот себе

(Матеј 22:39)


Богатството не се гледа во тоа, кој колку има, туку во тоа кој колку дава

прочитај повеќе

Здружение за Хуманитарни активности „Утешител“


Х.О. Утешител е доброволно, добротворно, хуманитарно здружение, кое побудено од евангелската порака: “Љуби го својот ближен како самиот себе”, се определи за остварување на трајни хуманитарни акции, кои, се надеваме, ќе допринесат за ублажување на материјалните потешкотии на нашите сограѓани, но пред се за нивна духовна поткрепа и утеха.
Во склоп на Х.О.„Утешител“ функционира и Народна кујна, која ја остварува својата мисија од март 2005 година до денес. Почетно беше сместена во објектите на црквата Св.Димитрија и тоа се до 2007 година, а од тогаш до сега, Народната кујна се наоѓа во црквата Пресвета Троица -Битола, позната како Руска црква.
Х.О.„Утешител“, е од отворен карактер за сите наши граѓани, и таа им помага на сите социјално загрозени семејства од сите верски конфесии.

Вратисе на почеток

Наши активности


Ручек за

социјално загрозени семејства еднаш во седмицата, обично во недела. Се служи топол и сув оброк, како и храна за по дома за останатите членови според можностите

Посета по домови

на инвалидизирани, стари и изнемоштени лица, на самохрани мајки и носење храна на истите, а често помош и нега од членовите на Народната кујна.

Помош

на деца без родители, на повеќедетни семејства, на бездомници и напуштени лица и ангажмани при нивно згрижување, помош во облека, огрев, школски прибор за деца и др.

Организирање на

културни, духовни и хуманитарни приредби, предавања, промоции, трибини и сл. за подигнување на културното и духовното ниво на нашите граѓани

Издавање на литература

издавање на поучна, морално-етичка и духовна литература

Eкскурзии

oрганизирање на екскурзии и бесплатно носење на нашите штитеници и нивните деца по културните и духовни знаменитости на нашата земја и надвор од неа

Летни кампови

oрганизирање на бесплатни летни кампови за децата од овие семејства

Бесплатни венчавки и крштевки

oрганизирање на бесплатни венчавки и крштевки за социјално загрозените семејства

rucel
Делење облека
Делење облека за социјално загрозени семејства
poseta
Делење храна
Делење храна за социјално загрозени семејства
poseta
Делење храна
Делење храна за социјално загрозени семејства
poseta
Делење храна
Делење храна за социјално загрозени семејства
poseta
Делење храна
Делење храна за социјално загрозени семејства
poseta
Делење храна
Делење храна за социјално загрозени семејства
poseta
Делење храна
Делење храна за социјално загрозени семејства
poseta
Делење храна
Делење храна за социјално загрозени семејства
poseta
Делење храна
Делење храна за социјално загрозени семејства
poseta
Посета по домови
Посета на домови на социјално загрозени семејства
poseta
Посета по домови
Посета на домови на социјално загрозени семејства
poseta
Бесплатни крштевки
Бесплатно крштевање на деца на социјално загрозени семејства

Бидете хумани и донирајте финансиска или било каква помош (храна,облека,огрев и сл...)


Х.А УТЕШИТЕЛ- Битола
ЕДБ 4002011522871
Уни Банка
ж-ска: 240-1500021973-14

Стапете во контакт со нас!


Доколку имате потреба од помош, сакате да пријавите лице кое има потреба од помош, или сакате едноставно да стапите во контакт со нас, јавете се на телефонот или испратете e-mail!

(+389) 75 695 722

(+389) 77 803 823

(+389) 72 228 336